Жените во Кина лежат на жешки камења за да бидат здрави
Добро познати се придобивките од лекувањето со кристали, но стотина средновечни жени во Ксиан, Кина, оваа духовна пракса ја подигнале на едно повисоко ниво со нивниот нов ритуал за подобро здравје.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, се почести се глетките од жени кои лежат на огромни вжештени камења во локалните паркови во Ксиан, а на своите лица имаат ставено крпи.
Овие жени за локалните медиуми изјавиле дека лежењето на вжештените камења ќе ги помогне да се заштитат од разни заболувања.
Овие Кинезинки веруваат дека најдоброто време да се исползуваат медицинските бенефити од овој необичен ритуал е од 15 до 16 часот.
Една жена им изјавила на репортерите дека боледува од воспаление на колената и вкочанети мускули. Таа објаснила дека нејзин роднина имал слични здравствени проблеми како нејзините и откако го испробал ова алтернативно лекување по извесно време бил излекуван.
Иако докоторите предупредуваат за ризиците од долгото изложување на сонце кое може да предизвика изгореници и сончаници, овие жени се оглушиле на предупредувањата, велејќи дека топлината воопшто не им пречела.
Но, пред неколку дена, една неименувана 70-годишна жена имала лошо искуство со овој третман, откако со стомакот се залепила на вжештениот камен и добила изгореници од четврти степен.
Извор: Плусинфо.мк