Како изгледа романтичната венчавка на вљубени фламингоси
Фламингосите Ели и Ноа неодамна ја прославиле првата годишнина од бракот, а ова е потсетување како изгледала романтичната церемонија на венчавката која им ја приредиле вработените на одморалиште на Аруба, каде што живеат седум фламингоси.
Ели и Ноа кои своите имиња ги добиле по главните ликови на филмот „Notebook“ се сретнале на плажата на одморалиштето „Ренесанс Аруба Рисорт енд Казино“, во домот на единствената популација на розеви фламингоси на Аруба.
Тие веднаш се вљубиле еден во друг, а својата љубов ја крунисале со венчавка во тропскиот рај, која им ја приредиле вработените во одморалиштето со желба на адекаватен начин да го прослават Меѓународниот ден на фламингосите кој се одбележува на 23 јуни.
Вљубените фламингоси цело време танцувале клун до клун и разменувале нежности, а целото случување било дополнето со адекватна гардероба во вид на машни пеперутки и вел за „невестата“.
Извор: Плусинфо.мк