Ви подаруваат бесплатни хамбургери до крајот на животот, а вие треба да направите ситница!
Еден ресторан може да ги исполни вашите соништа. Од ресторанот ви ветуваат бесплатни хамбургери до крајот на животот, а вие за возврат мора да направите само една ситница.
Синџирот на ресторани за брза храна од Австралија, „Мр. Бургер“ им нуди на луѓето шанса да освојат бесплатни хамбургери до крајот на животот доколку го променат своето име.
Првите десет луѓе кои легално ќе го променат своето презиме во Бургер (да станете господин или госпоѓа Бургер) и ќе испратат заверена копија до управата на синџирот на рестораните до 31 јули ќе можат доживотно да уживаат во бесплатните хамбургери.
Всушност, нема тоа да биде неограничен број на хамбургери, но седум хамбургери неделно е сосема пристојна бројка. Исто така, мора да бидете постари од 18 години со жителство во Австралија.
Извор: Плусинфо.мк