Американците во Хавана го отворија првиот хотел по револуцијата
Во Хавана во вторникот е отворен првиот американски хотел на Куба од револуцијата во 1959 година и со доаѓањето на браќата Кастро на власт.
Американскиот синџир на хотели „Старвуд“ го отвори хотелот „Фор поинтс Шератон Хавана“ во западниот дел на кубанската престолнина.
Американското министерство за финансии му дало дозвола на „Старвуд“ да биде првата американска компнаија која ќе работи со Куба во почетокот на годината, неколку недели пред историската посета на американскиот претседател Барак Обама на Куба која се случи во март годинава.
Хотелот има 186 соби, а најниската цена за ноќевање е 246 долари. Синџирот хотели „Старвуд“ има во план наскоро да отвори уште два хотели на Куба
„Старвуд“ има во план наскоро да отовори уште два хотела на Куба, првиот од нив ќе биде отоврен во август. Откако САД и Куба ги затоплија своите односи, островот бележи значаен пораст во бројот на туристички посети.
Извор: Плусинфо.мк