Шестгодишно девојче го запроси принцот Хари
Принцот Хари доби неочекувана понуда. Имено, шестгодишно девојче го запроси згодниот британски принц.
– Те молам, исполни ми ја желбата. Сакам да се омажам за тебе. Сакам да бидам принцеза – му се обратила шестогодишната Лоти на 31-годишниот принц Хари. Малата Лоти го запознала принцот на дружењето во рагби клубот во Стокпорт во близина на Манчестер, чиј е покровител.
Иако сето тоа на принцот Хари му било симпатично, сепак, тој го советувал девојчето да си пронајде врсник, бидејќи помеѓу нив е премногу голема разликата во годините.
Последната од низата шпекулации е дека помеѓу Хари и пејачката Ел Гудинг има нешто. Тие двајце наводно разменувале нежности на една забава во Беркшир. Принцот од забавата, на која наводно се бакнувал со пејачката, заминал рано, бидејќи наредниот ден играл поло натпревар, а Ел тргнала по него пет минути подоцна.
Извор: Плусинфо.мк