Кучиња кои живеат како холивудски ѕвезди
Како го замислувате животот на една холивудска ѕвезда ? Сигурно гламурозен и луксузен.
Сличен живот сепак водат не само најпознатите актери, актерки, пејачи, пејачки и другипопуларни личности .Многу богати , но не толку масовно познати личности исто живеат како кралеви, дури понекогаш повеќе отколку некои навистина познати луѓе.
Тешко дека си замислувате дека одредени кучиња можат да живеат како холивудски ѕвезди и дека секојдневниот живот им е толку убав, што некои луѓе дури и не смеат да сонуваат за слично. Не сите четириножни пријатели на човекот сепак имаат шанса да се радуваат на дом и човек кој ги сака, па “богатите” кучиња сигурно се двојни среќници.
Едно е јасно – вие може и да не го поминете претстојното лето на јахта , но голем дел од кучињата-сензација на Instagram ќе го сторат тоа. Тие се радуваат на најлуксузните бенефиции, се возат во убави автомобили, во приватни авиони и пијат скапо вино. Кучешки живот-сон!
Извор: Локално.мк