Јапонец на 96 години најстариот универзитетски дипломец на светот
Јапонецот Шигеми Хирата со 96 години влезе во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи неодамна стана најстариот универзитетски дипломец на светот со диплома од Факултетот за примените уметности во Кјото.
Хирата, роден во Хирошима во 1919 година стана „славна личност“ во студентскиот град на Универзитетот во Кјото.
– Студентите кои воопшто не ги познавам ми приоѓаа да ми честитаат – рекол стариот Јапонец и додал дека по одењето во пензија позветил 11 години во студирањето на грнчарство и примените уметности.
– Многу сум среќен што на мои години можам уште да учам и помнам – рекол Хирата кој биле маринец во Втората светска војна и има четири правнуци.
Јапонците се познати по долговечноста. Во таа земја минатата година се регистрирани речиси 59.000 стогодишни Јапонци.
Извор: Плусинфо.мк