Мистериозно село на смртта: Жителите секојдневно се самоубиваат
Селото Бади во централна Индија е мало по тамошните стандарди. Во него живеат околу 2500 луѓе. За жал, во ова местенце најбрзо растат – гробиштата. Поради бројот на луѓе кои самите си го одземаат животот, Бади е наречено село на самоубиства. ТМинатата година во регионот Каргон 381 лице си го одзело животот. Во Бади за 20 години се самоубиле 350 луѓе, а од нив дури 80 од почетокот на оваа година. Тоа довело до ширење на страв и верувања дека селото го запоседнале демонски сили.
Како што пренесува „Тајм оф Индија“, старешината на селото Раџендра Сисодија неодамна ги видел и мајка си и брата си како се самоубиваат. Самиот Сисодија е избран за старешина откако неговиот претходник бил пронајден обесен во дворот на куќата.
За самоубиствата обвинуваат сè – од економските прилики до демографското влијание. За Каргона велат дека е најсиромашниот и најизолираниот дел на Индија, па така депресијата многумина ѝ ја припишуваат на сиромаштијата и на недостатокот на здравствена нега.
Морничавата претпоставка на лекарите е дека овие луѓе ги мачи шизофренија и депресија која се јавува како последица на вдишување на пестицидите со кои ги запрашуваат градинарските култури.
Токму тоа беше случај во Кина, кога во еден дел од земјата многу земјоделци се самоубија. Беше откриено дека вдишувале токсини кои ги користеле при обработувањето и запрашувањето на земјата.
– Во едно истражување што беше спроведено во Кина лани, голем број змејоделци во одредена област извршија самоубиство, а пронајдено е дека сите користеле инсектициди коишто содржат одредени супстанции, многу отровни и кои предизвикуваат депресивна состојба – истакнал психијатарот Реди.
Луѓето во селата како индиското, зависат од посевите, а ако им пропаднат, тие запаѓаат во финансиски проблеми, па затоа користат бројни производи за тие да успеат.
Во областа Маџи Прадеш кадешто се наоѓа ова село, има многу сиромашни и заостанати села, а во таквите подрачја владее големо суеверие. Во обидот да ги избркаат демонските сили дури и забраниле консумирање и продажба на алкохолот.
Извор: Плусинфо.мк