Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Најголемиот светски научник на сите времиња, Никола Тесла , со големи напори на група Срби, доби своја улица во градот Хамилтон во Канада.

Градскиот совет на Хамилтон за денот на реализација на овој проект го назначил 10 јули, на 160-тиот роденден на српскиот научник, кога ќе биде одржана церемонија на премименување на актуелната Бурлингтон стрит во Никола Тесла Булевард.

Советот на градот Хамилтон проценил дека за замена на 17 знаци, кои ќе го носат името на Тесла се потребни 150.000 долари. Со цел се да протече без застој патриотите кои ја поддржуваат организацијата „Nikola Tesla Educatonal Charity Organization" одржале гла прослави со цел да се соберат потребните средства, и биле собрани повеќе од потребните 150.000 долари.

- Нема да застанеме на ова. Планираме од остатокот на парите да ги насочиме во кампања на едно средно училиште во Хамилтон да се преименува во „Никола Тесла“ - изјавил Вик Ѓурѓевиќ, иницијатор на овој проект.

Тој истакнал дека Хамилтон е првиот град кој пред стотина години добил наизменична струја каква што имаме денес и тоа благодарение на овој голем научник.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново