Десетгодишно момче го хакираше Инстаграм и заработи 10.000 долари
Десетгодишниот Јани од Финска, го хакирал Инстаграм и покажал дека тоа и не е толку тешко и дека секој кој што се разбира во кодови и сервери може да ги избрише коментарите што ги оставаат корисниците.
Ова 10-годишно момче штотуку стана најмладата личност која добила пари од Фејсбук, бидејќи го хакнал нивниот производ.
– Можев да избришам кого било од оваа социјална мрежа, дури и Џастин Бибер – изјавил Јани за локалните медиуми.
Претходниот рекорд го постави едно 13-годишно момче, во 2013 година, што значи дека Јани штотуку стана првата личност која го хакирал производот на Фејсбук кој технички не би смеел да го користи, бидејќи Инстаграм е забранет за помлади од 13 години.
Од Фејсбук потврдиле дека Јани пронашол начин како да го измени кодот на серверите на Инстаграм и да ги избрише постовите на корисниците.
Извор:Плусинфо.мк