Неверојатна драма на небото – жена се породи во авион
Мајка се породи за време на авионски лет на “Jet Star” во Сингапур и одлучи да крсти своето бебе по името на авиокомпанијата, бидејќи екипажот и помогнале безбедно да се породи.
Тројца лекари биле во авионот за време на тричасовниот лет од Мјанмар и асистирале при породувањето на жената, кое се слуќило додека авионот се спуштал на аеродромот во Јангон.
Презимето на мајката е Star и таа одлучи да го крсти својот син како “Saw Jet Star”, за да и се заблагодари за грижата на авиокомпанијата.
Бебето е првенќе на мајката и со неговото име таа изразила почит кон главниот пилот на авионот Saw Ler Htu кој покажал како треба да се опслужуваат патниците откако тој им помогнал на лекарите при породувањето.
Мајката и син се сместени во локалната болница во Јангон и се во добра здравствена состојба.
Момченцето е тежло нешто малку над три килограми и е првото бебе кое е родено за време на летот на “Jet Star Азија”.
Авиокомпанијата ја наградат мајката со 1000 долари, за да му купи на бебе прибор, а тројцата доктори добија авионски ваучери.
Од “Jet Star” велат дека се горди на начинот на кој беше гарантирано безбедното раѓање на најмладиот им патник, пишува dailymail.co.uk.
“Среќниот раѓање беше дочекано со аплауз од останатите патници во авионот, па ние сме сигурни дека овој момент никогаш нема да биде заборавен од мајката и од синот”, рече портпаролот на авиокомпанијата.
За лет, помалку од четири часа, “Jet Star” им овозможува на жените да летаат до крајот на својата 40-та недела од бременоста, но треба да носат документ од лекар, ако одлучат да патуваат на 28-та недела или по неа .
Извор: Локално.мк