Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

И додека како девојчиња сите жени сакале да имаат долга и блескава коса како Златокоса од истоимената бајка, група Кинезинки од селото Гуанжи тој сон секојдневно го проживуваат.

Имено, во ова село е традиција жените во текот на целиот свој живот само еднаш да ја истрижат својата коса и тоа пред да се омажат, додека во текот на целата година ја држат врзана под марама. Меѓутоа, еднаш годишно се организира фестивал покрај реката Хунаглуо Јао, кадешто сите жени ја пуштаат својата коса на слобода. Во текот на годишниот фестивал, којшто се одржува секој април и се слави доаѓањето на пролетта, се собираат на брегот на реката за да пуштат коса и да ја измијат во вода.

Тие потоа ги мијат и чешлаат своите кадрици, после што ги враќаат во марамата до следната година. Просечната должина на косата на овие жени е дури 2,3 метри, а поради чудната традиција се внесени и во Гинисовата книга на рекорди, како единствено село на светот коешто практикува жените да не ја кратат својата коса.

Во селото се смета дека долгата коса на жените донесува долг живот, богатство и здравје на нејзиното семејство.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново