Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Плаќањето на сметките и повеќечасовното чекање во редови може да биде исцрпувачки, посебно ако сте ограничени со слободното време.

Многу луѓе посакале некој друг да го направи тоа место нив. На таа идеја дојде Џовани Кафара пред две години, кога како и милион негови сограѓани, секогаш чекал во ред во Милано за да ги плати своите сметки.

– Се сетив дека истото тоа можам да го правам и за другите, вели тој.

Кого останал без работата, Кафаро одлучил да покрене своја фирма. Поделил летоци со чија помош ги рекламирал своите услуги. Набрзо нашол неколку десетици клиенти.

Тоа биле компании кои сакале нивните вработени да работат нешто многу попродуктивно од плаќањеѕо на сметки. Ова всушност му овозможило на Кафаро да создаде нова професија.

Според резултатите на истражувањето, Италијанците во просек трошат 400 часа годишно чекајќи во редови. Ваквото губење време, годишно ги чини околу 40 милијарди евра.

Со децении наназад, богатите Италијанци изнајмуваат луѓе да стојат во редици место нив, да праќаат пакети и да се бават со секојдневната бирократија.

Меѓутоа, Кафаро на оваа дејност и дал посебна форма. Тој за својот бизнис обезбедил и правна рамка, со стандардизиран договор и минимална плата (10 евра по час) како и осигурување во случај на несреќи.

Кафаро, за идните вработени, дава пет часовен курс преку Скајп. Курсот подразбира учење на здодевните барања на централните и локалните власти за документи, потписи и надомести.

Италијанската влада се обиде да ги намали редиците на чекање. па граѓаните сега можат да конкурираат за идентификациски број кој им дава пристап до јавните служби преку Интернет.

Меѓутоа, тоа многу не олеснува, бидејќи причина за овие редови е и „фискалната срамежливост‟ на Италијанците. Тие имено имаат една од најниските стапки на неготовински трансакции во Европа.

– Плаќањето во готово е многу распространето и луѓето неволно ги користат кредитните картички, вели Кафаро. Ова секако е во согласност со фактот дека Италија има една од најголемите сиви економии во богатиот свет.

Кафаро создал уште една форма на бирократија, бидејќи сите кои сакаат да ангажираат некого кој место нив ќе чека во ред, ќе мораат да платат и придонеси и да се бават со соодветна документација, дури и ако го вработуваат овој човек само на еден час.

Наместо да им олесни, Кафаро, се чини со својата бирократија дополнително им ја отежнал состојбата.

Извор: Локално.мк

 

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново