Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Првата работа која гостите ја сакаат кога ќе се сместат во хотелска соба е малку приватност. Меѓутоа , посетителите на хотелот „Манор хаус“ во Колорадо ја немале таа среќа.

Цели 29 години сопственикот на хотелот Џералд Фус со својата сопруга Дона, ги шпионирал гостите низ лажните вентилациони отвори , додека страствено воделе љубов и уредно на хартија забележувал се што гледал.

Оваа тема воедно е дејствието на книгата „Дневникот на воајерот“, која нејзиниот автор, новинарот Геј Талесе ќе ја објави до крајот на оваа година, пишува „Индипендент“.

Господинот Фус на Талесе во 1980 година му испратил писмо во кое тврди дека „гледал, набљудувал и го проучувал спонтниот секс помешу двојките од прва рака, како и бројните сексуални девијации во изминатите 15 години.

Фус во текот на набљудувањето на сексуалните однои на таванот на својот мотел мастурбирал, или пак имал секс сос војата сопруга. На Талесе му рекол дека тој таван претставувал „продолжение на неговата спална соба“.

До моментот кога го продал мотелот во 1995 година,Фус испишал над стотина странбици, кои му ги испратил на новинарот, вклучувајќи ги и годишните извештаи во кои се занимавал со сексуалните трендови, како „наглиот пораст на сексуални односи помеѓу припадничките од различни раси“.

Така се дознава дека во 1973 година бил сведок на 185 машки климакси и 33 женски оргазми, а во обид своите гости да ги категоризира врз основа на сексуалните желби, напишал дека 12 отсто од двојките имале изразено либидо, додека 2 отсто од гостите имале слаба сексуална желба.

Фус на објавување на својата приказна се согласил дури во 2013 година.

- Не сакав луѓето да ме опишуваат како некој перверзен маж или воајер. Едноставно себе си се гледам како врвен истржувач на сексуални активности - објаснил Фус.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3 од Законот за судовите (Сл.весник на РСМ бр.58/06), чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РСМ 83/2018) и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот на ден 14.11.2020 година, на ден 29.10.2020 година, го објавува следниот:

 

О Г Л А С

за избор на 30 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1.   да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.
  1. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),

            -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци).

  1. Пријавата со потребните документи и телефон за контакт да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                                                                            Основен суд Велес

                                               

 
   
   
   
   

Најново