Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Пет средношколки се тепале во попладневните часови денеска во Вараждин, а причината за судирот била едно момче.

Најмалку стотина средношколци стоеле во круг гледајќи ја тепачката, а некои дури и навивале.

Снимката објавена на Јутјуб покажува како девојките брутално се тепаат, си кубат коса една на друга, се удараат со нозе и раце, се борат и дават.

Една жена, сведок на настанот, раскажала за evarazdin.hr дека на тепачката и претходела расправија околу дечко.

- Една девојка стави статус на Фејсбук дека утрото околу 7 часот ќе има тепачка, но судирот бил презакажан во попладневните часови. Наместо да одат на кафе или на прошетка низ градот, девојките се тепаат. Јас само се прашувам како полицијата или во училиште на овие девојки не не знаеле за настанот кој е договорен седум дена однапред - заклучила читателката која испратила неколку видеа од тепачката.

Настанот траел околу половина час, а учествувале девојки од Средното стручно училиште во Вараждин.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново