Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Социјалните мрежи станаа составен дел од животот, а деновиве Српската православна црква основала своја социјална мрежа, Црква.нет (Crkva.net), и тоа е првата црквена мрежа во Србија. Така што сега на интернет можете и да „дадете амин“ преку оваа социјална мрежа, пишува српски „Б92“.

Главна причина за креирањето на страницата е Српската православна црква (СПЦ) да добие поширока популарност, како и да се промовираат црквените активности. Целиот проект е поврзан со мисионерското одделение на СПЦ, во него учествуваат официјални свештеници.

Технолошки слична на Фејсбук и Твитер, според содржината адекватна на својот назив, оваа социјална мрежа за неколку дена собрала повеќе од 2.000 лајкови и свештени лица. За да можете да и пристапите, не мора да биде православен, но мора да бидете пристојни. Така што на оваа црквена социјална мрежа имате наместо лајк - амин. Наместо музички хитови - црквени песни. Наместо наслови од медиумите - цитати од Библијата.

- Сметаме дека мисионирањето на интернет и тоа како е ефикасно, и дека носи плодови, а да се биде слеп и нем на тој простор не донесува ништо добро - рекол учителот по веронаука и основачот на социјалната мрежа Црква.нет Александар Милојков.

На сајтот Црква.нет можете да направите свој налог и можете да пишувате, да објавувате и на црковен начин да кажете дали нешто ви се допаѓа - да „аминувате“.

- Наместо лајк го имате познатото амин, сакавме да бидеме оригинални - додава Милојков.

На другите социјални мрежи може да се најдат и други црквени поглавари. Папата Франциско има профил на Твитер и Инстаграм, а рускиот патријарх Кирил е на најголемата руска православна социјална мрежа. На мрежата Црква.нет се уште нема српски патријарх, но има свештеници, теолози како и лаици.

- Веќе почнаа да се регистрираат црквени општини, очекуваме и епархии. Пред сè, свртена е кон младите, а младите денес сакаат, ни се допаѓало тоа нам или не, кратки, едноставни, брзи информации - додава Стеван Јовановиќ, учител по веронаука и член на Мисионерското одделение на СПЦ.

Јовановиќ вели дека луѓето сега главно аминуваат и го лајкуваат фактот, ги изнесуваат своите ставови, кратки цитати, и она што може да се најде на другите мрежи.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново