Полицијата уапси Русинка која се обидела да го продаде синот за 1.500 фунти
Вознемирувачко видео на кое може да видите како полицијата во Русија на дело ја фаќа мајката која сакала да го продаде своето бебе за само 1.500 фунти било објавено на интернет и предизвикало бурни реакции ширум светот.
Преправен полицаец се претставил како потенцијален купувач откако добил дојава како една жена се обидува да го продаде сопственото бебе.
Целото случување се одвивало на југозападот на Русија во покраината Северна Осетија.
На снимката може да се чуе како преправениот полицаец ја прашува жената: Колку чини? Дали е момче или девојче?
Откако бебето заспало, мајката одговорила: „Момче е ,а чини 1.500 фунти“. По ова признание полицаецот го открил своето виситнско занимање и ја уапсил жената, а бебето било предадено на социјалната служба.
Неименуваната жена која се занимава со проституција во полиција изјавија дека едноставно била приморана да го продаде синот бидејќи не можела да ја издржува постарата ќерка.
Извор: Плусинфо.мк