Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Неименувано момче, според првичните информации, државјанин на Саудиска Арабија, ппред неколку дена допатувало во Лондон во придружба на пријателите на годишен одмор. Но да не пропушти да се покаже во јавноста, со себе ги довезол и своите четири скапоцени автомобили, сите четири опточени во злато.

Така жителите на Лондон на улиците може да ги видат четирите возила кои вкупно чинат повеќе од милион фунти - Мерцедес Г63 АМГ (370.000 фунти), Бентли Флаинф Спјур (220.000 фунти), Ролс-Ројс Фантом Купе (350.000 фунти) и Ламборгини Авентадор СВ (350.000 фунти).

Златните„ миленици“ привлекле големо внимание во Лондон, пренесуваат британските медиуми. Не е познато колку време ќе остане и колку пари ќе потроши овој турист во Велика Британија, но новинарите на „Дејли меил“ добиле информација дека тој ја обиколил Белгравија, предел во западен Лондон во кој куќите во просек чинат по 5 милиони фунти.

Секоја година, богаташите од Блискиот Исток пристигнуваат во Лондон со нивните луксузни колекции на скапи автомобили. Во многу прилики, тие супер-автомобили ги возат лудо низ улиците на главниот град на Велика Британија, предизвикувајќи гнев и лутина кај жителите кои се вознемирувани од зукот на бесните возила.

Минатата година по бројните поплаки од граѓаните, кралската околија на Кенсингтон и Челзи воведе јавни простори за заштита и ред во областа Најтсбриџ, централен Лондон..

Извор: Плусинфо.мк

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново