Зошто часовниците во рекламите покажуваат исто време
Дали сте забележале еден интересен детаљ кога сте гледале рекалама за часовници? На секој часовник сказалките покажуваат исто време.
Ако не сте го забележале тоа, од сега обрнете внимание на тоа што речиси во секоја реклама за часовници , сказалките се наместени на 10 часот и 9 минути.
Во некои случаи постои разлика, па сказалките се наместени на 10 часот и 10 минути.
Причината за овие бројки се крие во маркетингот. На овој начин најдобро се истакнува марката на часовникот, пишува „Њујорк тајмс“.
Кога подобро ќе погледнете, ќе видете дека марката на часовникот речиси секогаш се наоѓа во горниот дел, а вака наместените сказалки тоа дополнително го истакнуваат.
Освен тоа, вака поставените сказалки прават облик сличен на насмеано лице па создаваат позитвно чувство кај купувачот. Барем така тврдат маркетиншките стручњаци.
Извор: Плусинфо.мк