Сопственикот на „Икеа“ ја купува облеката на пазар!
Основачот и сопственик на познатата шведска фирма „Икеа“, Ингвар Кампрад открил дека целата својата облека ја купува на пазар со цел да заштеди пари. Кампрад дури вели дека мисли дека се што поседува и што носи е купено на пазар, пренесува агенцијата АФП.
Овој 90-годишен милијардер е четврти на листата „Форбс“ на најбогатите луѓе во светот, а познат е по својата штедливост и вели дека тоа го прави за да им даде добар пример на останатите, но и дека таквиот негов став помогнал „Икеа“ да стане една од водечките светски марки.
Неговото богатство се проценува на околу 65,5 милијарди евра, но тешко е да се потврди што му припаѓа лично нему, што на неговото семејство, а што на неговата семејна фондација, која е регистрирана во Лихтенштајн, држава позната по даночни олеснувања.
Извор: Плусинфо.мк