Жена ќе свети на семафорите во Мелбурн
Мелбурн ќе биде првиот град во Австралија кој ќе ја промени сигнализацијата на семафорот во чест на жените. Наместо логотипот на маж, како сигнален знак на семафорот, отсега на сите семафори во Мелбурн ќе биде логотип на жена.
Меѓутоа, за логотип како сигнална силуета на семафорот е земена фигурата на Мари Роџерс, првата жена избрана во локалната влада во австралиската држава Викторија, а втора во Австралија.
Мари Роџерс во градот Ричмонд работела како советник во Владата, и тоа во 1920-тите години, а најмногу се занимавала со прашањата за заштита на семејството, образованието и здравјето на децата и мајките во државата Викторија.
Новите измени ќе бидат претставени во мај и во употреба ќе бидат 12 месеци, кога е планирано повторно враќање на логотипот на маж на сигнализацијата на семафорите.
Извор: Плусинфо.мк