Турчин ја тужел сопругата бидејќи го пцуела претседателот Ердоган
Еден турски возач на камион поднел тужба против својата сопруга поради навреда на сметка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавуваат тамошните медиуми. 40-годишниот Али Д. кој се оженил со Г.Д. пред три години, ја предупредил неколку пати да не го пцуе турскиот претседател секој пат кога тој ќе се појави на телевизија.
Сопругата не го послушала и му рекла да ја тужи ако не му се допаѓа нејзиниот однос. Мажот ги забележал сите „навреди“ на сметка на претседателот како доказ за пријава против сопругата кај тужител во Измир. Засега не е јасно дали овој случај ќе дојде пред суд.
– Постојано и велев тоа да не го прави и дека нашиот претседател е добар човек и дека направил добри работи за Турција – изјавил Али.
Но неговата сопруга продолжила да го навредува Ердоган или го менувала каналот кога тој ќе се појавел на телевизија.
– Дури да станува збор за мојот татко и тој да го навредувал претседателот јас тоа не можам да го простам и би реагирал на ист начин, изјавил овој Турчин.
За возврат, 38-годишната сопруга покренала постапка за развод на нивниот брак.
Извор: Плусинфо.мк