Новата песна ,,Така случајно’’ на „Риплеј“ е создадена од спојот на звуците на гитара и саксофон кои ја откриваат милозвучноста и по малку заводливата страна на македонската поп-музикa. Песната е со брзи елементи и невообичаена. Композицијата со сигурност ќе се допадне и пробие меѓу слушателите на македонската музика и ќе стане дел од секојдневието.

Групата, која застана зад електронската музика и стана составен дел од мејнстрим сцената со виорот од хитови, најпосле открива свој ритам. “Спирит” ќе биде 14-от по ред студиски албум на “Депеш мод” и прв од 2013 година. Се очекува да излезе во првата половина на 2017.

Организаторите на „Таксират“, „Пасворд Продакшн“ најавуваат дека годинава, 18-тото издание на овој фестивал ќе го отвори пионерот на електронската музика, Жан-Мишел Жар со спектакуларно аудио-визуелно шоу што ќе се одржи на 13 ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Британскиот пејач и гитарист Ерик Клептон на аукција продаде една од своите гитари за сума од 45.000 долари, за да му помогне на еден пријател да ги подмири сметките за лекување на неговата покојна сопруга, која почина од леукемија, соопшти аукциската куќа „Херитиџ Аукшан“ од Далас.

Мартија Станојковиќ од Куманово е избрана да биде претставничка на Македонија на овогодинашното издание на детската „Евровизија“ кое ќе се одржи во ноември во Малта.

Германскиот бенд Scorpions ја одбележува својот половина век о јубилеј со супер концерт и во Софија.

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново