Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

pesnata fin

27.04.2020

„Ќе мине сè“ е насловот на песната со која велешките музичари му испратија охрабрувачка порака на светот, дека има излез од оваа ситуација со коронавирусот, но и дека таа не научи дека треба малите работи, а не парите, врските, добрите коли, славата и моќта, го прават човекот среќен.

Песната е снимена на музика од познатиот хит We are the world, која во 1985 година го изведоа тогаш најпознатите музичари на планетата, соединети во проектот USA for Africa, кој имаше за цел да собере пари за гладните во Африка.

Текстот за „Ќе мине сè“ го напиша еден од најпознатите македонски текстописци Огнен Неделковски, аранжманот е на Стојанче Иванов и Оливер Тевчев, а ја изведуваат Дејан Попов, Стефани Алчева, Трајче Бондиќов, Катерина Брезева, Трајче Малинов, Мими Јовановска, The Chicks (Сандра Јорданова, Наталија Мејанџиева, Моника Ѓоргиева), Баже Натов, Стојанче Иванов, Симеон Иванов, Трајче Ристов, Оливер Тевчев, Борче Стојанов и Тихомир Тевчев.

„Ќе мине сè“ е снимена во Импакт продукција, а за миксањето и мастерингот се погрижи Темелко Андреевски. Извршен продуцент е Владимир Тевчев, продуцент на проектот е www.batali.net, а промотор е велешкото Радио 5 ФМ.

Спотот е реализиран во домашни услови, а е снимен само со мобилни телефони, поради состојбата со епидемијата на коронавирус.

Песната слушнете ја ма следниот линк на youtube :https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=zhL2VgkLED8&feature=emb_logo

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново