Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

rappesna fin

Има вести секакви – вистинити и лажни, има секакви – дури приказни, сказни. Весници сценарија, медиуми разни, миротворни, борбени, помалку важни. Читај меѓу радови, немој да си само цел. Лажна опсесија, избриши го тој дел – ова се дел од стиховите на песната „Медиумска рапсодија“, чиј видео спот е еден од трите со кои Здружението Медиа плус и радио Канал 77 ќе им ја доближат на младите темата за медиумска писменост.

Идејата на Здружението и на медиумот е преку видео, но и аудио спотови да им помогнат на младите да ја сфатат важноста од објективно и професионално информирање, врз основа на кое би размислувале критички за актуелните општествени случувања.

„Медиумска рапсодија“ може да се најде и на youtube.

Со ова, веќе во полн ек тече нивната заедничка кампања „Медиумски писмен граѓанин – за чест без стрес, најди ја вистинската вест“. Претходно беа објавени три аудио спотови, како и анализа за ставовите за медиумска писменост на младите од источниот дел во земјава.

Ваквите активности се дел од проектот КриТинк на фондацијата Метаморфозис и центарот Евротинк.

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново