Тажна вистина зад победничката песна на Евровизија
27-годишниот Португалец Салвадор Собрал кој го освои првото место на Евровизија со лирската песна “Amar pelos dois” ( “Љубов за двајца”), има тешка срцева болест, јави Би Би Си.
Поради здравствената состојба Собрал ја пропушти првата недела на пробите во Киев, забележува медиумот, но не пренесе детали. Британскиот таблоид “Мирор” тврди дека талентираниот Португалец има потреба од трансплантација на срце. Според информациите на агенција ТАСС Салвадор Собрал има срцева мана.
Обожавателите на фестивалот ја размножија во социјалните мрежи и следната верзија: пејачот не сакал да ги открива здравствените проблеми, за да не влијае на гласови на гледачите и жирито.
По победата, Собрал се качи на сцената и ја пееше повторно песната “Amar pelos dois”, овој пат во дует со својата сестра. “Музиката не е огномет, таа е чувство”, рече тој. Ова е прва победа за Португалија во 62-годишната историја на конкурсот, а песната е напишана од сестрата на Салвадор, Луиза.
https://www.youtube.com/watch?v=tXodL-oQGws