Греми 2017 – Адел апсолутна победничка, Боуви постхумно награден
Апсолутна победничка на 59 доделување на Греми наградите што синоќа се одржа во Лос Анџелес е британската пејачка Адел која освои титули во дури пет категории.
Таа ги освои наградите за најдобар албум, најдобра песна, најдобра снимка, најдобра поп изведба и најдобар поп албум.
Нејзината главна ривалка беше Бијонсе, која иако имаше девет номинации освои само две награди и тоа за најдобар спот и за најдобар албум во категоријата урбани современи албуми. Сепак, таа привлече многу внимание бидејќи за прв пат се појави во јавноста откако објави дека носи близнаци.
Бијонсе на Греми наградите ја изведе песната Love Drought и одржа емотивен говор што го посвети на неродените близнаци.
Интересно е што Адел изјави дека ја одбива наградата за најдобар албум и смета дека Бијонсе повеќе ја заслужува. Ако таа и официјално одбие да ја прифати ќе биде само втората личност што ја одбила Греми наградата по Шинед ОќКонор во 1990 година.
Легендарниот музичар Дејвид Боуви освои награди во секоја од петте постхумни категории за кои беше номиниран.
Во ревијалниот дел настапија Адел, Деми Ловато, Џон Леџенд, Бруно Марс, Алиша Кис, Кети Пери и Викенд.