Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Организаторите на „Таксират“, „Пасворд Продакшн“ најавуваат дека годинава, 18-тото издание на овој фестивал ќе го отвори пионерот на електронската музика, Жан-Мишел Жар со спектакуларно аудио-визуелно шоу што ќе се одржи на 13 ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во својата 40-годишна кариера, револуционерниот француски уметник првпат настапува во Македонија, како дел од големата светска турнеја што ќе биде своевидно заокружување, односно круна на проектот „Електроника“ - албум во два тома, првиот издаден лани, вториот годинава. Во неговото создавање учествуваа музички величини како: Пит Таузенд, „Моби“, „Масив Атак“, „Тенџерин Дрим“, Лори Андерсон, Синди Лопер, „Ер“, Гери Њуман, „Пет Шоп Бојс“, „Прајмл Скрим“, „Орб“ и многу други, како и одметнатиот американски разузнавач Едвард Сноуден.

Како што е најавено, покрај новите композиции, посетителите ќе имаат прилика да се потсетат и на старите фаворити од неговите класики „Оксижен“ и „Еквинокс“, а сето тоа придружено со незаборавно аудио-визуелно доживување преку совршениот спој на многубројните сценски ефекти што ја интегрираат најновата технологија на звук и светло.

Жан-Мишел Жар, покрај несомнените заслуги за етаблирањето и популаризацијата на електронската, амбиенталната и њу-ејџ музика, е основоположник и на мултимедијалните перформанси какви што ги знаеме денес. Истовремено, познат е и по тоа што го постави, а подоцна неколку пати го рушеше, сопствениот Гинисов рекорд за најголема посетеност на концерти на отворено, вклучувајќи го оној во Париз, пред 2,5 милионска публика, како и спектаклот во Москва, по повод 850-тиот роденден на градот, кадешто присуствуваа неверојатни 3.500.000 посетители.

Во густиот концертен календар на Жан-Мишел Жар годинава, исполнет со најголемите и најпрестижните светски концертни подиуми, успеа да влезе и Скопје, како една од ексклузивните станици што ќе ја имаат привилегијата да уживаат во неговиот сензационален перформанс наречен „Електроника“, чувствувајќи ја единствената енергија и емоции што произлегуваат од ова уникатно доживување.

Наскоро ќе бидат објавени повеќе информации, вклучувајќи ги и деталите за продажбата и цените на билетите за овој ексклузивен концерт со кој ќе биде отворено 18-тото издание на фестивалот ТАКСИРАТ.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново