Maртија Станојковиќ ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија“
Објавено на 25 јули, 2016 во 07:24
Мартија Станојковиќ од Куманово е избрана да биде претставничка на Македонија на овогодинашното издание на детската „Евровизија“ кое ќе се одржи во ноември во Малта.
12-годишната финалистка на шоуто „Пинкови ѕвездички“ во силна конкуренција е избрана да ја претставува Македонија на престижниот фестивал, објави Македонската радио-телевизија.
Натпреварувањето ќе се одржи по 14 пат оваа година и тоа на 20 ноември во Валета, Малта.
Извор: Плусинфо.мк