Германскиот бенд Scorpions ја крена на нозе публиката во Софија
Германскиот бенд Scorpions ја одбележува својот половина век о јубилеј со супер концерт и во Софија.
Рок диносаурусите од Scorpions ја зарадуваа публика со првокласна шоу , а главните виновници за тоа беа Клаус Мајна, Рудолф Шенкер и Матијас Ибс. Од самиот почеток концертот започна многу енергично и понуди одлично визуелно шоу, како и првокласен рок . Сето ова создаде прекрасна атмосфера, со која публиката беше заразена уште од самиот почеток и траеше до крајот на концертот.
Scorpions понуди моќен звук што одговара на тешкото звук на групата. Интересен факт е тоа што за разлика од повеќето колеги Клаус Мајна не се променил драматично со годините и старите обожаватели на Scorpions беа задоволни да ја видат истата фаца како онаа во седумдесеттите и осумдесеттите години на XX век, кога групата беше во расцутот на славата .
Еден од моментите што ја разбранува најмногу публиката беше кога почнаа омилените балади на кои цела генерација за првпат се вжубуваше . Звучеа Always Somewhere, Still Loving You, Wind of Change, како и Love at First Sting, You and I, а исто така и Rock You Like a Hurricane, Big City Nights и други. Кога тргна овој романтичен серијла , целата сала беше како начичкана со светулки, емоции, и светлина не од запалки, тукиу од блескавите телефони. Сите пееја заедно со групата, Токму љубовта на публиката ги инспирира музичарите од Scorpions да гтргнат на оваа специјална турнеја по повод 50-годишниот јубилеј што помина и низ регионов.
Атмосферата на концертот погледнете ја ТУКА.