Хрватите ја исфрлиле Југославија од песната „Липе цвату“!
Песната „Липе цвату“ од „Бијело дугме“ и понатаму е популарна низ поранешна Југославија, но изгледа дека некогашната држава повеќе нема место.
Песната „Липе цвату“ од „Бијело дугме“ и понатаму е популарна низ поранешна Југославија, но изгледа дека некогашната држава во таа песнаповеќе нема место.
Оваа песна и понатаму се пушта на радио станиците, но некаде во изменет облик. Имено, како што пренесува порталот „Слободна Далмација“, „Липе цвату“ е емитирана на Радио Сплит вчера наутро, а зборот Југославија, кој е дел од текстот, едноставно е исфрлен.
Па така, наместо „Баш ме брига где си отишла, равна ти је Југославија, баш ме брига, све у корист твоје штете“, изменетиот стих звучел вака: „Баш ме брига где си отишла, баш ме брига, ниси дете…“
Навистина денес е комично на некому да му пречи зборот Југославија во песна којашто е напишана во 1984 година, кога таа држава постоеше,коментира „Слободна Далмација“. Со слично мислење е и менаџерот Адис Гојак, организатор на турнејата „Кој нема да полудее, тој не е нормален“ по повод 40 години од основањето на „Бијело дугме“.
– Горан Бреговиќ во моментот е во Шпанија кадешто има концерт и не можам да зборувам во негово име, но можам да кажам дека „Бијело дугме“ на концертот во „Спаладијум арена“ во Сплит имаше 15.000 луѓе кои наглас, без никакви проблеми, ја пееја „Липе цвату“. Глупаво е тогаш да се дискутира за овој случај. Сплит го сака Горан, но мислам дека овој потег не е вперен против него лично. Едноставно, на некого не му допаднал зборот Југославија. Не треба да се крева прашина, освен доколку ова не стане пракса – рекол Гојак.
Извор: Плусинфо.мк