Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

In memoriam

Познатата српска пејачка и кантавторка Јадранка Стојаковиќ, вчера во Бањалука почина на 66-годишна возраст, било потврдено за српски „Блиц“ од старечкиот дом „Каритас“.

- Јадранка полина вчера а се уште не се знае кога ќе биде одржан погребот - било потврдено во домот, пренесува „Блиц“.

Стојаковиќ во последните неколку години живеела во Бањалука, и подолго време боледувала од мултиплекс склероза. Болеста која бил предизвикана по падот на сцена во 2009 година, ја натерала да се откаже од концертите и јавните настапи. Поранешната југословенска ѕвезда и успешна кантавторка и сликарка, долго време живеела во Јапонија, а последните години од живото Јадранка ги поминала во домот за стари лица „Каритас“ во Бањалука.

- Не можам повеќе да свирам, но често сонувам музика. Цел живот живеам со неа и како да имам концерти додека спијам. Уште можам да ја почувствувам, се уште може да ја слушнам - изјавила неодамна Стојаковиќ.

Таа е родена на 24 јули 1950 година во Сараево каде што и почнала со својата единствена музилка кариера. Во текот на доцните 1970-ти години почнала да се занимава сообработка на севдалинки и староградски љубовни песни, како и обработка на поезијата на српската писателка Десанка Максимовиќ во нов музички аранжман.

Таа работела и на музика за телевизија , ја напишала воведната тема за 14-тите зимски олимписки игри во Сараево во 1984 година. Од 1988 до 2011 година живеела во Јапонија, а за нејзиниот 23-годишен престој во Јапонија „винови“ се токму Зимските олимписки игри во Сараево и албумот со традиционални југословенски песни кои им биле доделувани на странски гости. Јапонски новинар оваа плоча ја испратил во Јапонија и наскоро следел повик на фестивал, а потоа следел и договор на четири години.

Речиси нема човек во земјите на поранешна Југославија кој не ги знае песните на Јадранка Стојаковиќ „Све смо могли ми“, „Што те нема“ и „Има нека тајна веза“.

Јадранка многу тешко ја поднела војната во поранешна Југославија. Не можела да ја напушти земјата се до 1998 година кога Јапонија ја призна Босна и Херцеговина, а Јадранка добила босански пасош. За жал следел и падот на бината кој бил заслужен за предизвикување на болеста на моторните неврони.

Извор: Плусинфо.мк

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново