Скандал на Евровизија: Шведска ја обвинува Хрватска за плагијат
Уште неполн месец до Евровизија, а веќе почнаа скандалите. Домаќинот на манифестацијата упатува се поостри критики до хрватската претставничка Нина Кралиќ и на песната “Lighthouse”.
Скандинавците твррдат дека песната е премногу слична со хитот „Uncover“ на нивната Зара Ларсон – односно дека станува збор за типичен плагијат.
Во меѓувреме хрватицата одлично котира во обложувалниците и многумина на песната и предвидуваат високо место на табелата.
Некои шведски медиуми, особено порталите порачуваат Хрватска да се повлече од натпреварот и дека не ~ е место на 61. Избор за најдобра евровизиска песна. Сепак, крајниот збор ќе го даде избирачкото тело на „Евровизија“, иако во Хрватска домашните автори ликуваат од среќа, затоа што песната не е авторско дело на композиторите на „Лијепа наша“.
Извор: Локално.мк