Цетински до Тоше Проески: „Братко, фалиш !“
Денеска, кога нашата најсакана ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 35 години, многу од неговите пријатели и соработници не пропуштија да му оддат почит на прерано починатиот македонски пејач и кантавтор.
Еден од неговите колеги и пријатели, Тони Цетински, со кој Тоше ја сними песната „Лагала нас мала“, испрати трогателна честитка до него, посакувајќи му среќен роденден и порачувајќи дека е горд што познавал и живеел во исто време со „ангел на земјата“. Цетински денеска на својот ФБ профил го објави следниов статус:
“На денешен ден 25.01.1981 година е роден и да беше денес со нас, би го славел својот 35. роденден…
Никогаш заборавен, никогаш преболен… еден и единствен…
Тоше Проески… Среќен 35. роденден братко мој. Да, славам и секогаш ќе го славам денот кога ти се роди и го дишеше истиот воздух со нас, зашто сум горд и привилегиран што познавав ангел на земјата. Те сака братот. Фалиш.“