Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

spanskihoteli fin

28.11.2020

Во октомври за речиси една петина е зголемен бројот на хотели во Шпанија што се огласени за продажбаа во однос на март, или на почетокот на пандемијата на коронавирусот, а повеќето од нив се во добро познати туристички дестинации, објави вчера порталот за продажба на недвижнини „Идеалиста“.

На Балеарските острови се продадени 84 проценти повеќе хотели во октомври отколку во март, а во Андалузија 45 проценти повеќе, наведува порталот „Идеалиста“.

На крајот на октомври за продажба беа огласени вкупно 557 хотели, од кои петтина се во Каталонија, објави порталот.

Речиси третина од хотелите во Шпанија во октомври беа затворени, наведе Централното биро за статистика.

Резервациите во хотели биле 83 проценти помалку отколку во октомври минатата година, може да се види од официјалните податоци објавени неделава од Бирото за статистика.

Шпанската економија е во голема мера зависна од туризмот, кој беше сериозно погоден од рестриктивните мерки воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

 

 

SEMM baner MK

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново