Црна Гора ги отвори границите за туристи од Руска Федерација и Азербејџан за спас на туристичката сезона
Објавено на 5 август, 2020 во 12:24
5.08.2020
Црна Гора ги отвори своите граници за граѓаните на Руската Федерација и Азербејџан да му помогнат на својот туристички бизнис, кој годинава бележи огромни загуби заради коронарна кризата.
Владата ги исполни барањата на туристичките работници и им овозможи на граѓаните на Русија и Азербејџан да влезат во Црна Гора, без да исполнуваат посебни услови, како што е негативен тест за ковид 19 или задолжителна самоизолација.
Туристичкиот сообраќај во Црна Гора ова лето е за 90 проценти понизок од рекордниот во 2019 година, признава директорката на црногорската туристичка организација Жељка Радак Кукавичиќ. Таа верува дека со овој потег ќе ги ублажуваат последиците за туристичката економија.