Екс-хрватската претседателка – дел од Меѓународниот олимписки комитет
Објавено на 19 јули, 2020 во 14:24
Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, на завчерашниот состанок на Собранието на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) беше избрана за член на организацијата што го предводи Олимпиското движење.
– Јас сум исклучително почестена што сум член на Меѓународниот олимписки комитет. Ова не е само мој приватен успех, туку признавање на сите успеси на хрватскиот спорт и на одличните резултати на хрватските спортисти, кои ја претставуваат нашата земја во светот како нација на големи таленти и вредни луѓе, кои доследно ги промовираат принципите и вредностите на Олимпиското движење, изјави Грабар-Китаровиќ.
За неа гласале 86, а 3 биле против.