Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

juznivetar fin

На Инстаграм профилот „juzni_vetar_2_deo“ споделена е фотографија на која се гледа дел од екипата која ќе стави потпис на вториот дел од филмот „Јужни ветар“ кој доживеа регионална популарност.

„Договорите се во тек. Уште три недели до почетокот на снимањето“, стои веднаш под фотографијата објавена на Инстаграм.

Режисерот Милош Аврамовиќ на почетокот на овој месец изјави дека екипата ја следи моменталната состојба и се надева на најдоброто, бидејќи најави дека наскоро почнува снимањето на хит филмот и серија.

Најавите беа дека е планирано снимањето за продолжетокот на филмот и серијата „Јужни ветар“ почнува во јули. И покрај новонастаната состојба и повторното воведување на мерките поради зголемениот број на заразени од корона вирус, снимањето сепак ќе се одржи.

„Крајот на јули е трминот за снимање, ќе видиме дали новонастнатата ситуација нешто ќе промени“, изјавил Аврамовиќ.

„Ние веќе снимањата ги поместивме од 22 на 28 ми јули, но сега ја следиме ситуацијата и ги правиме подготовките“, изјавил Аврамовиќ и најавил дека снимањето ќе биде на отворено.

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново