Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

majmuni fin

Вакцината против коронавирусот што била развиена од научници од универзитетот Оксфорд и тестирана врз шест мајмуни, дала ветувачки наоди кои на крајот од минатиот месец довеле до почетни испитувања и врз човекот, соопштија американски и британски истражувачи.

Британскиот производител на лекови „АстраЗенека” минатиот месец соопшти дека се здружил со истражувачите од Оксфордската група за за вакцини и Институтот Џенер, кои работат врз развојот на вакцината, пренесоа британските меидуми.

Според извештајот, некои од мајмуните кои добиле една вакцина развиле антитела против вирусот во рок од 14 дена, а сите заштитни антитела во рок од 28 дена, пред да бидат изложени на големи дози на вирусот. По изложеноста, вакцината го спречила оштетувањето на белите дробови, но вирусот останал активен во носот.

Стивен Еванс, професор по фармакоепидемиологија на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, изјави дека податоците за мајмуните се дефинитивно добра вест.

Иако успехот на вакцината врз мајмуните е клучен чекор, многу вакцини што ги штитат мајмуните во лабораториите не успеваат да ги заштитат и луѓето.

Еванс кажа дека едно клучно откритие е особено смирувачко, а тоа е дека нема докази за засилена имунолошка болест, во која се случува дека наместо да се заштити од вирусот, вакцината всушност ја влошува болеста.

-Тоа беше дефинитивно теоретска загриженост во врска со вакцината САРС-КоВ-2 и фактот дека нема докази за тоа во оваа студија е многу охрабрувачка, рече Еванс.
Минатиот месец, британските научници почнаа да ја даваат вакцината на волонтери, а до 13 мај вакцината ја примиле 1.000 лица.

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново