Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

skrsenosrce fin

„Химслеј центарот” за конзервација во Англија нуди прилика лутината кон поранешното момче или девојка да ја излечите со тавтабита. За 1,5 фунти може една тавтабита да ја наречете по името на бившата љубов и да се орасположите за Денот на вљубените.

Во центарот одлучиле дека тавтабитата не може да се посвои, затоа на луѓето со скршено срце ќе се обидат да им помогнат да ја заборават неуспешната врска со помош на програмот „Именувај ја својата тавтабита“.

Оваа акција стана популарна минатата година кога луѓето со скршени срца масовно за 1,5 фунти ги именуваа инсектите и така донираа храна за гладни животни. Кога несреќно вљубените ќе одлучат како ќе се вика нивната тавтабита, ќе го потврдат својот избор, ќе добијат сертификат, кој ќе го овековечи бившиот или бившата како инсект. Целиот износ од собраните средства ќе биде вложен во нови проекти во Зоолошка градина.

Освен што ќе именуваат тавтабита, пред да ја добијат потврдата, може да дозволат името на нивната порнешна љубов да се стави на „табелата на тавтабити“ и да го видат сите посетители на центарот.

Годинава, покрај вообичаеното именување на тавтабитите, сите корисници од Англија можат да купат кутија за подарок во која освен сертификатот ќе добијат и природен сапун, шампон и сунѓер за капење, за да од себе ги исперат остатоците од бившата љубов.

Во “Химслеј центарот” на корисниците им порачуваат да не нудат дополнително пари, бидејки никој од центарот нема да ги снима или гази именуваните тавтабити, тие ќе останат живи и понатаму. Најважно е љубовната болка да исчезне.

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново