Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

julija fin

Џулија Флешер Кох, вдовица на милијардерот Дејвид Кох, наследи сè по неговата смрт во август 2019 година, а според списанието „Форбс“, сумата е околу 53,5 милијарди долари.

Денес, „Блумберг“ ја проценува нејзината состојба на 61,6 милијарди американски долари, што ја прави најбогата жена во светот.

Различната проценка на списанието „Форбс“ произлегува од фактот дека „Koch Industries“ не е јавна, т.е. нејзините акции не се тргуваат на берзата, но зборуваме за втората по големина не-јавна компанија во САД.

И покрај различните модели за проценка на компанијата и статусот на нејзините сопственици, Џулија повторно ќе биде една од најбогатите жени во светот.
Таа би се нашла на третото место, по наследничката на империјата за козметика L’Oreal – Франсоа Бетанкур-Мејерс и наследничката на WalMart, Алис Волтон.
Разликите, исто така, произлегуваат од различните информации на медиумите за големината на состојбата, која Кох ја остава на неговите три деца.
„Koch Industries“ запишува продажби во вредност од 110 милијарди американски долари годишно и вработува 130.000 луѓе.

Смртта на Кох ја остави сопругата со имот во Њујорк, Хемптонс, Аспен и Флорида, вредна најмалку 143 милиони долари.

Ајде да погледнеме во животот на семејството Кох последниве години:
Џулија Флешер Кох и Дејвид Кох се во брак 23 години, пренесува „Business Insider“.

Родена во Ајова, Џулија се пресели во Њујорк во 1984 година. Таа работела како асистент на модниот дизајнер Адолфо, а во раните 90-ти е снимена на голем број светски настани.

Првата средба помеѓу Џулија и Дејвид била во 1991 година, во организација на нивните меѓусебни пријатели.
„Мило ми беше што се видовме, сега знаев дека не сакам повеќе да излегувам со него“, изјави Џулија за „Тајмс“ во 1998 година кога ја прашаа за нивниот прв состанок.
Сепак, тие повторно се гледаат по шест месеци, по што стануваат поблиски. После околу пет години, тие се венчаа на раскошна церемонија во Хемптонс.
Семејството Кох има три деца – Дејвид Џуниор, Мери Џулија и Џон Марк.

По пензионирањето од семејниот бизнис, работата на Дејвид ја презеде неговиот внук Чеис, кој е син на неговиот брат Чарлс Кох.
Чејс (42) сепак успева да ја заштити својата приватност од медиумите, и покрај тоа што е еден од најбогатите луѓе во светот, бидејќи неговиот татко држи половина од „Koch Industries“.

Флечер Кох поседува голем број на имоти, особено вредни на Петтата авенија, кои Дејвид Кох ги купи во 1995 година за 9,5 милиони долари.
Од 2004 година, семејството живее во стан со 18 соби во една од најпознатите згради во Њујорк што многу други милијардери, вклучувајќи го и Џон Рокфелер, го нарекоа свој дом.
Купувањето е направено пред 16 години за 18 милиони долари.

За да живеете во зградата 740 Park Avenue, мора да имате најмалку 100 милиони долари нето средства.
Семејството Кох исто така поседува куќа во Менхетен, вредна 40,25 милиони американски долари. Само нивната спална соба има површина од 140 квадратни метри, располага со своја фитнес сала и огромна тераса.

Според изворите на Њујорк Тајмс, Дејвид и Џулија ги плаќаат своите зделки во готово.

Но, тоа не е сè – Џулија и сите тројца наследници на Дејвид исто така имаат одмор од 30 милиони американски долари во Хемптонс со базен и тениско игралиште.
Тие исто така имаат имоти во Аспен, како и во Палм Бич, Флорида.

Дејвид Кох ја купи својата прва куќа во Аспен во 1989 година за 1,9 милиони долари, а две години подоцна плати 1,75 милиони долари за друг имот на истата улица.
Денес, според проценките на Zillow, имотите можат да се продадат за 18 и 8 милиони долари.

Во 1998 година, семејството Кох потроши 10,5 милиони американски долари за купување на палата во Палм Бич, а поправките „голтаат“ уште 12 милиони долари.
Флечер Кох е претседател на Фондацијата Дејвид Кох, која донирала над 200 милиони долари на разни добротворни цели во образованието, уметноста и медицинското истражување.

Денес, Кох (57) е шеф на голем број здруженија и фондации, вклучувајќи ги и Американското училиште за балет, Центарот за истражување за алергија од храна, Фондацијата за рак и многу повеќе.

 

 

 

SEMM baner MK

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново