Актерката Глоуз се надева на „Оскар“ но, нема да плаче ако не го добие
Американската актерка Глен Глоуз, која годинава ја доби седмата номинација за престижниот Оскар, изјави дека се надева на наградата, но и дека нема да плаче ако не победи. Таа овојпат е номинирана за најдобра женска улога, за филмот „The Wife“.
Глумицата во изјавата натаму додава и дека не би сакала да добие Оскар од сожалување и дека, доколку не ја добие златната статуетка, јавно ќе изјави: „Јас сум в ред”.
Во истата категорија се номинирани и Јалиција Апарисио за филмот „Рома”, Оливија Колман за „Миленичка”, Лејди Гага за „Ѕвездата е родена“ и Мелиса Мекарти за „Can You Ever Forgive Me?”.
Глен Глоуз (71) досега шестпати е номинирана за Оскар и ниеднаш не го добила.
Годинешното, 91. свечено доделување на Оскарите, ќе биде одржано на 24 февруари во Долби театарот Лос Анџелес.