Алзас бисерот на Франција
Објавено на 31 јануари, 2019 во 11:06
Регионот Алзас на границата со Франција и Германија изгледа како од бајка.
Сокрива бројни градчиња чии куќи се шарени, а улиците се тесни и покриени со калдрма.
Секогаш постои место кое чека да биде откриено и да ве воодушеви.
Ако сте ги посетиле повеќето европски градови и веќе немате идеја каде да одите, тогаш вистинската дестинација за вас е регионот Алзас, на границата со Франција и Германија.
Тој крие автентични градчиња за кои што се чини дека сè уште живеат во сопствената бајка.
Куќички како од чоколадо, секоја обоена во друга ведра боја, со карактеристични греди на фасадата и покриви со остри врвови.
Локалните жители се обидуваат да ги декорираат колку што е можно поубаво и да ги воодушеват посетителите.