Јосип Броз Тито ги обожувал новогодишните прослави но, бегал од Дедо Мраз
Доживотниот претседател на пропаднатата држава СФРЈ, Јосип Броз Тито за време на своето владеење уживал во сите благодети на овој свет, а посебно ги сакал прославите на Новата година.
Затоа полни 30 години за Маршалот се огранизираа забави на кои се пиело најдобрите пијалоци, а уживал и во кулинарските специјалитети. За него пееле и надобрите естрадни уметници. Ана Паниќ од Музејот за историја на Југославиј посочува дека се водело сметка Тито за време на секој пречек на Новата година да биде присутен во некоја република.
Тогаш посетувал масовни прослави, шетал по улиците, се возел со градски превоз и бил близок со народот.
„Омилено место за славење било Бриони, каде дури 7 пати ја пречекал Новата година„, наведува Паниќ.
Новата година ја пречекал и во Индонезија, Индија , Египет.
За него пееле Оливера Катарина, Никола Каровиќ, Ѓорѓе Марјановиќ, Тозовац, Уснија Рџепова, Здравко Чолиќ…
Тито уживал во познатите конфети, украсените елки,. шапки, картонски капи, мексичките сомбрера, знаел да заигра, но и да се фати за возови играчки.Интересно е што никогаш не е сликан со Дедо Мраз.