Србите да можат на избори би гласале за Тито
Утре да се одржуваат избори во Србија, релативен победник би бил Јосип Броз Тито. Така барем сугерира анкетата на српски „Неделник“.
Да може утре да гласате на избори, за кого од понудените кандидати би гласале?, гласи прашањето, а испитаниците бираа меѓу Јосип Броз Тито, Слободан Милошевиќ, Зоран Ѓинѓиќ, Војислав Коштуница, Борис Тадиќ, Александар Вучиќ…
Се работи за луѓе што управувале со Србија во последните сто години.
Испитувањето е спроведено на 802 испитаници кон крајот на јуни годинава.
Така Тито, во Србија би одвоил 24,6 отсто од гласовите. Вуќиќ – 23,5, Ѓинѓиќ – 10,7, Слободан Милошевич, виновникот за крвавите војни на поранешна Југославија, 7,4 осто.
Претседателот на радикалите по Првата светска војна , Никола Шешич би имал 4,4 отсто, Борис Тадиќ 2,1 отсто, а Коштуница 0,7.