Исчезнаа цели села на Хаваите, се создаде нова земја
Поради најновата ерупција на вулканот на Хаваите потполно е уништена населена област во близина на хавајскиот Голем остров.
Заливот кој се наоѓаше меѓу тие области и Големиот остров претворен е во нова земја.
Таа област сега е прекриена со вулкански карпи, а само неколку куќи преживеаја на една од плажите Капохо, соопштија надлежните од американскиот Геолошки институт, пренесе АП.
Врз основа на документи, утврдено е дека во таа област имало 279 куќи.
„Областа потполно исчезна и нема никакви остатоци од куќи. На север од неа останаа само неколку куќи во областа околу плажата Капохо“, соопштија од Институтот.
Научниците и понатаму бележат активност на вулканот и наведуваат дека не е можно да кажат кога ќе сопре.
Активностите на вулканот дополнително се зајакнати од земјотресот со јачина од 5,6 степени по Рихтер, што исто така дополнително ги зголеми количините на лава.