Патниците бесни: Најголемиот крузер на светот e сè уште градилиште!
„Хармонија на море“ (Harmony of the Seas) e опишан како најлуксузен крузер на светот кога исплови од Саутхемптон кон Ротердам пред повеќе од една недела. Меѓутоа, патниците ги дочекале дупки во ѕидовите и подовите, недостаток на топла вода, затворени тобогани и други туристички атракции, калливи теписи, поплавени писоари и фекалии на сите страни, расфрлени каблови и скалила, отворени канти со боја и рботници кои ги довршувле глввните работи на бродот дури и во текот на ноќта.
Многу патници биле ужаснати од фактот дека на палубата број 15 немало безбедносно стакло, што значи дека децата во кој било момент можеле да упаднат во морето, а свежата бој оставила траги на облеката на неколку патници.
Стотина патници биле незадоволни, но персоналот нивните проблеми не можел да ги реши, бидејќи немало воопшто персонал на крузерот.
Претставниците на компнијата ги замолиле патнците за разбирање, изјавувајќи во своја одбрана дека ова е, сепак, прво патување на крузерот „Хармонија на море“.
На поедини патници им е понуден паричен надомест, но ниту овој гест не го ублажило лошото мислење на патниците за компанијата „Ројал Карибиан интернешнел“ во чија сопственост се наоѓа крузерот.
Извор: Плусинфо.мк