Во Белград 110 младенци колективно се венчаа
Пред Собранието на градот Белград денеса е одржна колективна венчавка, а судбоносното „да“ го изговориле 110 младенци.
Пред Собранието на градот Белград денеса е одржна колективна венчавка, а судбоносното „да“ го изговориле 110 младенци.
Младенците се венчаа пред бројни роднини, пријатели, но и граѓани кои дојдоа да ја проследат традиционалната манифестација, што се одржува веќе 18 години во Белград.
Венчавката се одржа со народна музика, а младенците во свечени костуми и раскошни венчаници прошетаа по централните белградски улици до Скадарлија.
Колективната венчавка е бесплатна за сите брачни двојки. Досега во српската престолнина колективно се венчале повеќе од 3.000 двојки од првата манифестација во време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година.
Организаторите на колективната венчавка изнесоа денеска интересен податок дека за 18 години ниту еднаш не се случило во текот на таа манифестација да падне дожд во Белград.
Извор: Плусинфо.мк