Манекенки уапсени поради позирање без хиџаб на Инстаграм
Во Иран се уапсени осум луѓе кои работеле на онлајн агенции за манекенство обвинета дека е „неисламска“, известил судот за сајбер криминал во Техеран, пишува „Би-би-си“.
Апсењата се дел од поголемата акција насочени првенствено кон жените кои на Инстаграм објавувале фотографии на кои немаат покриени глави. Жените во Иран задолжително мораат да се покриваат од Исламската револуција во 1979 година.
Осум неименувани луѓе се дел од поголемата група од 170 луѓе кои се обвинети дека соработувале со спорната агенција. Меѓу нив се 59 фотографи и визажисти, 58 манекенки и 51 сопственик на салонот за разубавување.
За апсењата известил судскиот обвинител Јавад Бабаеи во текот на обраќањето во живо на државната телевизија па социјалните мрежи ги прогласил за „закана за моралот и темелот на семејството“.
Бабаеи тврди дека агенциите за манекенство се „виновни“ за околу 20 отсто од сите објави на Инстаграм кои потекнуваат од Техеран и дека „шират неморал и неисламска култура како и промискуитет“.
Од 170 луѓе, 29 се подложени на понатамошна истрага.
– Лицата кои го поправија своето однесување по предупредувањето, нема да бидат судски гонети, додека осуммина се уапсени – рекол обвинителот.
Портпаролот на иранската организација за сузбивање на сајбер криминалот, Мустафа Ализадех, рекол дека нивна примарна цел е „да се стелиризира сајбер просторот“.
– Во 2013 година тој план го спроведовме над Фејсбук, а сега на ред е Инстаграм – рекол Ализадех и најавил нови акции.
Од Инстаграм засега нема коментари.
Извор: Плусинфо.мк