Фотографија од келнерка со крвави стапала ги згрози интернет корисниците
Фотографијата на која се гледаат крвави стапала на келнерка по смената која ја поминала во високи потпетици ги шокираше корисниците на социјалните мрежи, но покрена и расправа за сексизмот во услужниот сектор.
Секој оној кој поголем ден од денот поминува стоејќи, знае какви маки се тоа – ве боли грбот, ве болат и ви отекуваат стапалата, па едвај чекате да ги соблечете и малку да ги истегнете нозете.
Меѓутоа на некои тоа не им е допуштено на нивното работното место, и мораат цела смена на високи потпетици да ги служат гостите.
Визажистката Никол Гејвинс на социјалните мрежи сподели фотографија од својата пријателка која работи како келнерка во едно кафуле во Едмонтон во Канада. На фотографијата која за седум дена е споделена повеќе од 11.000 пати, се гледаат крвави стапала, а малку крв останала и во чевлите.
Никол смета дека правилот на облекување во кафулето е „сексистичко и застарено“ бидејќи женскиот персонал мора да носи високи потпетици „освен ако немаат некоја здравствена причина поради која не смеат да носат такви чевли“.
– Жените вработени во ова кафуле морале сами да си купат униформа од 30 долари, додека мажите кои работат таму може да облечат било каква облека во црна боја и се разбира не носат високи потпетици. Имам многу пријатели кои работат во угостителството, знам многу дами кои заработуват напојница, а поради тоа не ја жртвуваат својата удобност – напишала Никол на социјалната мрежа.
Со оглед на тоа што целата приказна привлекла толку големо внимание, кафулето издало соопштение во кое негира дека од вработените жени се бар да носат високи потпетици. Освен тоа, наведуваат дека „здравјето и безбедноста им се на прво место“. Тие демантираат дека на келнерките им било наложено да избираат припиени костими преку кои би им се отцртувала долната облека.
Извор: Плусинфо.мк